Уредување на главното фоаје, поставување на санитарните елементи во бањите од становите, завршно поставување на мермер на скалилата, контрола на лифтовите. Оа се дел од завршните работи што се одвиваат во кула Ц, третиот од четирите облакодери што наскоро ќе стане толку поскауваниот дом за неколку стотина нови семејства.
Како и секогаш, стриктно придржувајќи со до зацртаните рокови за завршток на градба, горди сме што наскоро ќе ги испорачаме становите на идните нови жители на комплексот. Големите очекувања на идните станари и овој пат ќе бидат задоволени со веќе добро познатиот стил на уредување на главните ходници, на фоајето како и на самите станови во кои се задржани моментите на практична градба и модерно живеење.
Со отварање на третата зграда уште повеќе ќе го зголемиме и онака веќе големото семејтво на Џевахир Скај Сити, со надеж дека продолжуваме заедно понатаму, се до моментот на исполнување на нечии нови соништа, во последниот од четирите облакодери.