Фиберглас-бетонската фасада

Бетон зајакнат со стаклени влакна, Glass Fibre Reinforced Concrete (GFRC) е еден од најиновативните градежни материјали што овозможуваат комплексна естететика и високи перформанси едовремено.

Фибер – бетон композитот наоѓа примена меѓудругото и во фасадните панели што се вградуваат на станбени објекти. Овој тип на фасада е шампион во звучна изолација, покажува мошне низок степен на топлинска проводливост, лесна е и има долг век на издржливост. Тоа значи дека доколку станот како изолација има фибер – бетон фасада, бучавата од надворешната околина е сведена на незначителен минимум а топлотната изолација е на високо ниво со висока класа на енергетска ефикасност на станот.

Фиберглас-бетонската фасада е создадена да служи на повеќе од 7 генерации

Најдобра аналогија за тоа каква е внатрешната структура на фибер – бетон панелот е бетонски панел зајакнат со челик. Кај фибер – бетонот стаклените влаона се распределни низ структурата слично како челикот низ армираниот бетон.

Таквиот физички и хемиски состав на овој тип фасада, според стручните лица од областа на цивилниот инженеринг овозможуваат животен век на фибер – бетон фасадата повеќе од 200 години. Тоа значи дека откако ќе биде вграден, 7 и повеќе генрации ќе можат да ги уживаат благодетите на овој фасаден систем.

Становите во четирите кули на комплексот Џевахир Скај Сити се обложени со фибербетонска фасада. На овој начин овој комплекс е во редот на стабени објекти што се градат во Англија, Ирска и други држави низ Европа.

SHARE