ИЗИИС изврши тестирање на сеизмичката стабилност на највисоките згради во Македонија

На 20ти април 2016 год. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија изврши тестирање на сеизмичката стабилност на кулите во Џевахир Скај Сити комплексот. Тестирањето со техника на принудни и амбиент вибрации симулираше земјотрес од околу 4 степени, а преку поставените 200 мерни точки на една од 40 катниците на Џевахир се доби прецизна геометриска слика за движењето на зградата под дејство на вештачкиот земјотрес.
„Кога станува збор за локални земјотреси, повисоките згради имаат поголема флексибилност на издржување со оглед на тоа што периодaтa на конструкциите е на 2 секунди, а кога станува збор за Скопските локални земјотреси тие имаат периодa од 0,3 до 0,5 секунди што значи дека локалните земјотреси потешко или воопшто не ни ги побудилеваквите згради. Затоа и повеќепати изјавувам дека високите згради се препорачливи како градби за Скопје и за останатите градови. Овие пак згради се поосетливи на далечни земјотресикои поради нивната мала енергија нема да имаат разорно дејство”, изјави Д-р. Михаил Гаревски, професор и директор на ИЗИИС.
Со изведување на вакви тестирања се испитуваат динамичките карактеристики на зградите, што претставуваат нивна лична карта за безбедност, посебно во услови на земјотрес. Ваков тип на испитување е вршено и на Трансамерика пирамидата во Сан Франциско.

Мени