ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Cevahir Mаll Скопје e нов трговски центар во склоп на комплексот Cevahir Sky City.
Според својата местоположба, во најголемата општина во Скопје, населена со најмлада популација, се очекува Cevahir Маll Скопје да биде еден од најпосетуваните трговски центри во околината.

Одличната локација, веднаш до Cevahir Sky City станбениот комплекс, го прави овој трговски центар одличен простор за задоволување на дневната побарувачка на производи и услуги на жителите од комплексот. Дополнително на ова, трговскиот центар се наоѓа помеѓу транзитната туристичка зона и центарот на градот, што го прави овој објект неизбежен за посетителите.

Сите фактори водат во насока на тоа дека овој трговски центар ќе претставува секојдневен трговски и комерцијален центар за задоволување на дневните потреби на посетителите, нудејќи им несекојдневно “шопинг” искуство со микс од различни брендови. Покрај големата куповна моќ на посетителите, во рамките на трговскиот центар ќе има и деловен/канцелариски простор.

Со сите горенаведени фактори, Cevahir Mall Скопје ќе прерасне во центар кој со целиот свој капацитет не само што ќе ги задоволува потребите за секојдневниот живот, туку истотака ќе го модернизира и животниот стил во градот.

Мени